Настани 07671f49-008f-4856-8bc0-73f58ab796a4

27 јануари, 2016

Димитри Вегас и Лајк Мајк доаѓаат со спектакл на „Егзит денс арена“!

Најбараното светско диџеј-дуо и првопласираните на престижната „Диџеј Маг“ (DJ Mag) листа Димитри Вегас и Лајк Мајк (Dimitri Vegas & Like Mike) најавија вистински спектакл на „Егзит денс арена“ (Exit Dance Arena) и го потврдија својот настап на 7 јули, четврток! Белгиските браќа со грчко потекло Димитри и Мајкл Тиваjос (Dimitri & Michael Thivaios) се познати и како домаќини на славниот „Тумороуленд“ (Tomorrowland) фестивал чии химни редовно ги потпишуваат од 2010-та година, а во моментов се повеќе барани и од најголемите суперѕвезди како што се Хардвел (Hardwell), Мартин Гарикс (Martin Garrix), Дејвид Гета (Davida Guetta) и Авичи (Avicii), од кои пак, имаа прилика од прва рака да чујат што ги чека ова лето на славната Егзит арена.

Нивната популарност најдобро ја опишуваат 40.000 продадени влезници за само 40 минути, за двете од вкупно три распродадени ноќи во белгиската „Спортпале“ (Sportpaleis) арена, надминувајќи ги рекордите кои ги држеа Мадона и „Ју-ту“ (U2)! По 10-те последователни први места, најголемата онлајн продавница за електронска музика „Битпорт“ (Beatport) ги прогласи за изведувач на годината, а нивните хитови „Tremor“, „Mamouth“ и снимките од бројните настапи во збир надминуваат милијарда прегледувања на „Јутјуб“ каналот. Познати и како врвни ремиксери, Димитри и Мајк соработуваа со водечките изведувачи на денешницата како што се Калвин Харис (Calvin Harris), Викенд (The Weeknd), Џастин Бибер (Justin Bieber), Мејџор Лејзер (Major Lazer), но и со овогодишните ѕвезди на Егзит како што се Кенсингтон (Kensington) или Федер (Feder). Димитри Вегас & Лајк Мајк се познати по спектакуларните настапи на најголемите фестивали и арени ширум планетата, со современата продукција која ја карактеризираат визуелни и светлосни ефекти внимателно скроени за нивните еуфорични сетови. Оваа година, денс арената подготвува посебни продукциски изненадувања, па токму нивното шоу на првата фестивалска вечер ќе го стартува спектакуларното издание, на веќе дополнително проширената сцена на фестивалот „Егзит“.

 

 НА ЕГЗИТ ДЕНС АРЕНА ДОАЃААТ И „МАЈНД АГЕИНСТ“, „ДИСАЈПЛС“, КАТАНЕО б2б САИ и ЏЕЈМС ЗАБИЕЛА!

Првпат на овие простори, во петок, 8 јули на Арената пристигнува и сѐ повеќе популарното италијанско тек-хаус дуо „Мајнд Агеинст“ (Mind Against), великаните на престижната „Лајф & Детх“ (Life & Death) етикета која минатата година одлично ја претстави второто славно диџеј-дуо од Италија, „Тејл оф ас“ (Tale of Us). Длабоките ноти во петок на Арената ќе ги донесе и ретко виденото „бек ту бек“ дуо кое го сочинуваат аргентинскиот маестро Хернан Катанео (Hernan Cattaneo) и шпанскиот иноватор Хенри Саи (Henry Saiz), а вистинското вжештување на диџеј-пултот таа вечер доаѓа со вистинскиот виртуоз и микс-мајстор Џејмс Забиела (James Zabiela). „How Deep is Your Love“ ќе одекнува на Арената додека истата вечер ќе настапува и лондонското трио „Дисајплс“ (Disciples), автори на истоимениот мегахит кој го потпиша и Калвин Харис. „Дисајплс“ се инаку познати по исклучителните дип-хаус сетови и продукција, а вредноста на нивното дело прв ја препозна големиот Пит Тонг (Pete Tong) издвојувајќи два нивни сингла „Catwalk“ и „They Don’t Know“ кои се неизбежни и во сетовите на водечките имиња на светската хаус сцена.

 

Егзит фестивал ќе се одржи оваа година од 7-ми до 10-ти јули на Петроварадинска тврдина во Нови Сад, а потоа Егзит Авантурата патува на Јадранско море каде на плажата Јаз ќе се одржи третиот Си Денс фестивал од 14 до 16 јули. Настапите веќе ги потврдија Ели Гоулдинг (Ellie Goulding)Виз Калифа (Wiz Khalifa), „Бастил“ (Bastille), „Стормзи“ (Stormzy), „Лост фриквенсис“ (Lost Frequencies), Соломун (Solomun), Робин Шулц (Robin Schulz), Ники Ромеро (Nicky Romero), Зомбој (Zomboy), Вилкинсон (Wilkinson), Мис Дајнамајт (Ms. Dynamite), „Даб Пистолс“ (Dub Pistols), Кенсингтон (Kensington), Федер (Feder), Сем Фелдт (Sam Feldt), Диџеј Хајп (DJ Hype), Енди Си (Andy C), „Модстеп“ (Modestep), Ајви Лаб (Ivy Lab), Саб Зиро (Sub Zero), „Томи Фоур Севен“ (Tommy Four Seven), Антигон (Antigone), Франсоа Икс (Francois X) и Шломо (Shlømo). 

Влезниците за „Егзит“ се во продажба по цена од 3.599 денари, а за „Си денс“ од 2.220 денари, додека целата Егзит авантура чини само 4.250 денари, што е заштеда од 60% во однос на финалната цена. Во Македонија овие влезници, како и камп-влезниците, се достапни преку www.mktickets.mk и во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат).



Врати се горе ↑