Галерија IMG_0275

28 септември, 2015

Димитар, Сара и Мартин ја претставија тајната до доброто здравје и исполнетото секојдневие!

Викендот што измина го одбележа најголемиот интерактивен настан за здрав животен стил во Македонија – „Health, Fitness & Wellness Expo“, кој беше наменет да ги промовира здравите навики и повисокиот квалитет на живот и траеше од 25 до 27 септември во просториите на Александар Палас.

Вчера љубители на спортот и здравиот начин на живот имаа можност да ја почувствуваат вистинската енергија и да се вклучат во спининг часот кој беше организиран од најмодерниот фитнес и спа–центар, „Synergy Fitness & Spa“. Со тоа сите учесници и посетители на „Health, Fitness & Wellness Expo“ во Александар Палас кои беа синоќа таму, имаа можност да се вклучат во спининг часот заедно со Димитар Атанасовски, Сара Мејс и пливачот Мартин Стефановски. 

Спининг часовите во „Synergy Fitness & Spa“, кои се водени од лиценциран спининг тренер, се вистински начин да го размрдате вашето секојдневие и да останете во одлична физичка кондиција и добро здравје.



Врати се горе ↑