Видео

9 октомври, 2018

Димитар и „Тајфата“ ги екранизираа „Старите добри времиња“

Новата песна на Димитар Андоновски и „Тајфата“, со која музичарите се натпреваруваа на годинашното издание на фестивалот „Макфест“, доби и своја екранизација. Станува збор за темата насловена „Стари добри времиња“, дело на веќе редовните соработници на оваа музичка екипа – Лазар и Магдалена Цветкоски. 

„Ова е песна што е направена во еден здив и многу емоции. Многу сум среќен што мојата нова видео-продукција ’Дас продакшн’, за која допрва ќе се дознава, заедно со моите соработници и партнери Сергеј Светозарев и Андреј Цветановски, го изработија видеото на песната. Им се заблагодарувам на сите останати соработници – Андреј Папаз Ѓоргиевски за прекрасниот стајлинг, актерите Томе Станковски и Марија Кондовска кои ни го разубавија видеото и Милена Северкоска и студио ’Винтиџ мејк-ап’“, напиша Андоновски споделувајќи го видеото за оваа макфестовска балада, која иако не успеа да освои некоја награда на фестивалот, сигурни сме дека има огромен потенцијал да го добие епитетот макфестовски евергрин.

Како изгледаат и звучат „Старите добри времиња“ на „Тајфата“ и Димитар Андоновски дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑