Македонија да бебенце

24 февруари, 2017

Димитар Андоновски стана татко

Семејството на популарниот битолски пејач и музичар Димитар Андоновски денеска е проширено за уште еден член. Познатиот битолчанец и неговата избраничка, прилепчанката Кристина, станаа горди родители на малиот Михаил, а радосната вест ја споделија и на социјалните мрежи.

да бебе

Андоновски, кој повеќе од една деценија успешно опстојува на музичката сцена, од минатата година е дел од групата „Тајфата“, а дека публиката навистина ужива во нивните бројни настапи докажува и фактот што момците имаат доста набиен распоред. Пред новогодишните празници бендот ја најави и својата прва заедничка песна, чија промоција се очекува наскоро.

Следниот настап на „Тајфата“ е закажан за утревечер во штипското кафуле „Нова“.



Врати се горе ↑