27 декември, 2013

Димитар Андоновски со видео запис за „Ако ме боли“

Атрактивна и досега неискористена локација, големата ергела на коњичкиот клуб „Дона“ во Радишани е местото каде пред неколку дена се снимаше видео записот за новата песна на Димитар Андоновски„Ако ме боли“, песната која го освои третото место на овогодинешниот Скопски фестивал, а веќе со месеци не престанува да се врти по сите домашни радија, доби соодветен спот од продукцијата на Македонската радио телевизија.

Интересно е што Димитар за потребите на новото видео научи да јава, а иако за прв пат се качи на коњ, вели брзо и одлично ја совладал оваа вештина. Позади идејата и реализирањето на видео записот стои Горила филм, а режијата е на Мерт Аслани. Во него, покрај ексклузивецот на Горила продукција се појавува и манекенката Сандра Јовановска. „Ако ме боли“ е дело на хитмејкерот, продуцентот и композитор Лазар Цветкоски, додека пак текстот го напиша Милан Миланов.

Со промоцијата на видеоспотот за „Ако ме боли“, Димитар Андоновски ја заокружува оваа повеќе од успешна музичка година за него. Тој продолжува со постојана работа, а наскоро Горила продукција ќе го промовира и долгоочекуваниот прв албум на Димитар Андоновски.



Врати се горе ↑