Македонија 313839_10200322438649094_439793809_n

3 февруари, 2013

Димитар Андоновски повторно бруцош

Деновиве на својот фејсбук профил, битолчанецот и ексклузивец на Горила Продукција Димитар Андоновски објави фотографија од неговиот нов индекс, но овој пат од Меѓународниот Славјански Институт „Г.Р. Державин“, со што повторно станува бруцош. Димитар студираше и на Факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек виолина, како и на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, отсек тонска продукција.

Бидејќи фотографијата е малку матна, не можеме да видиме на кој отсек Диме го продолжува своето образование, но новите обврски сепак нема да му пречат во работата на неговиот деби албум бидејќи според другата фотографија која деновиве осамна на неговиот профил може да се види дека тој вредно работи и на нова песна, која се надеваме ќе ја чуеме наскоро. Му посакуваме многу среќа на Диме и што поскоро го очекуваме неговото првенче!



Врати се горе ↑