Македонија Dimitar Andonovski

23 февруари, 2013

Димитар Андоновски најуспешен битолчанец за 2012 година

На изборот за најуспешни битолчани  од најстариот „Битолски весник“ кој вчера се одржа по 14-ти пат во ресторанот „Вавилон“ во Битола, за најуспешен битолчанец од областа на естрадата беше избран Димитар Андоновски. За ексклузивецот на Горила Продукција ова беше уште едно признание за успешната 2012 година, која помина доста работно: преполн календар со настапи, нови песни и видео записи, како и победата на Радискиот фестивал, на кој одличната „Добро ме познаваш“ беше прогласена за најголемиот радиски хит.

Димитар го подготвува и неговиот деби албум кој треба да излезе наскоро, а ние му посакуваме уште многу успешни години!

 



Врати се горе ↑