Македонија Димитар Андоновски

18 октомври, 2012

Димитар Андоновски најавува албум

„Наскоро очекувајте го и првиот албум!“ – пишува на фејсбук профилот на битолчанецот Димитар Андоновски. По неколку одлични хитови, видео записи, настапи и награди на фестивали, екскузивецот на Горила продукција ќе заокружи една етапа од неговата кариера со албум.

Добро познатите балади „Ми зеде сè“, „Ова небо знае сè“ и „Добро ме познаваш“, како и оние со побрз ритам „Гледај ме во очи“, „Свој на своето“ и победничката „Заробени во сон“ ќе се најдат на неговиот прв албум. Му посакуваме многу среќа и успех на Диме и со нетрпение ја очекуваме промоцијата, a до тогаш сите фанови можат да уживаат во неговите настапи во кафулињата и клубовите низ Македонија.

 



Врати се горе ↑