Македонија 11182123_10206252499136900_4440032380834973960_n

28 април, 2015

Димитар Андоновски ќе нè израдува со нов хит!

И покрај тоа што пред неполна година го промовираше својот прв албум „Ова небо знае сè“, Димитар Андоновски во ниту еден момент не престана да работи на нов материјал. Познатиот битолчанец изминатиов период го помина во студио, заедно со веќе докажаните колеги и соработници – Лазар и Магдалена Цветкоски, кои ќе се потпишат како автори и на неговата нова песна.

Сè уште не е познато дали станува збор за балада или песна со побрз ритам, но е едно е сигурно: „Хитот е снимен!“ Токму со овие зборови минатогодишниот победник на црногорскиот фестивал „Сунчане скале“ го најави своето ново музичко парче, а додека ја очекуваме неговата премиера, уживајте со прекрасната „Месечина“.

 



Врати се горе ↑