18 јуни, 2013

Димитар Андоновски ја претстави својата „Месечина“

Во летен ритам и богата со многу инструменти, новата песна на Димитар Андоновски си доби и видеозапис. Снимен на неколку локации во Скопје и Демир Капија, а и посебен дел и во винаријата „Попова кула“, и овојпат за видеото се погрижи веќе проверениот тим на „Горила продукција“ под водство на режисерот Владимир Дади Ивановски.

„Месечина“ е името на песната во латино ритам и богата со инструменти, која за ексклузивецот на „Горила продукција“ ја создаде тандемот Цветкоски. Познатиот продуцент Лазар Цветкоски се погрижи за музиката и аранжманот, а текстот го напиша неговата сестра, популарната пејачка и текстописец Магдалена Ена Цветкоска.

„Месечина“ е една од повеќето нови песни кои ќе се најдат на првиот и долгоочекуван албум на Димитар, чија промоција е закажана за 6-ти септември, токму на денот на неговиот родененден,  како подарок за своите фанови.



Врати се горе ↑