Промоции Zaden_Cover_Dimitar_Andonovski_FINAL

25 јуни, 2014

Димитар Андоновски го промовира новиот албум „Ова небо знае сè“

По долгите и внимателни подготовки, ексклузивецот на Горила продукцијаДимитар Андоновски утревечер (четврток, 26 јуни) ќе го промовира својот долгоочекуван прв студиски албум насловен „Ова небо знае сè“. Со почеток од 20 часот, промоцијата ќе се одржи во Плеј Кафе во Скопје Сити Мол, каде што ќе бидат објавени и деталите за летната програма на познатиот битолчанец, кој следниот месец ќе настапи на двата познати фестивали „Сунчане скале“ во Црна Гора и „Славјански базар“ во Белорусија.

„Мојата музика е мојот живот, емоција која секогаш храбро и уникатно добива душа, благодарение на Лазар и Магдалена Цветкоски. Кога музиката е препознатлива и пеена, таа е најголема награда за еден пејач. Горила продукција, ти благодарам за организацијата, продукцијата, настапите, спотовите и сè што на мојата музика ѝ дава живот. Благодарам на моето семејство без кое никогаш немаше да стигнам таму каде што сум. Им благодарам на сите соработници, пријатели, колеги и инспирации, а најмногу Вам моја публико. За вас постојам, создавам и пеам. Вашата љубов е мој поттик… за да создавам музика која ќе трае“, се заблагодарува Андоновски.

 



Врати се горе ↑