21 октомври, 2017

Димитар Андоновски го претстави видеото за хитот „Само ти“

Иако во изминатиов период е најактивен како член на „Тајфата“, Димитар Андоновски сепак наоѓа време и за својата самостојна кариера, па деновиве реши да го екранизира својот најнов соло-сингл насловен Само ти, кој е во радискиот етер уште од март годинава.

Популарниот битолчанец и овој пат ги здружи силите со проверените соработници, братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветкоски, кои се потпишуваат како автори на музиката и текстот, а видеото го изработи екипата на неговата некогашна матична продукција „Горила“.

Покрај Диме, главната женска улога ја има Душица Тренева, а реализацијата на видеото е поддржана од Меѓународниот Славјански Универзитет, „Чарли аутлет“ и Министерството за култура. Како изгледа сето тоа можете да видите горе. Уживајте!



Врати се горе ↑