Македонија 303799_4537720526579_940529074_n

23 ноември, 2012

Димитар Андоновски го има најголемиот радиски хит

На петтиот по ред Македонски радиски фестивал МАРС 2012 кој се одржа вчера во Универзалната сала во Скопје, победата ја однесе битолчанецот Димитар Андоновски чија песна „Добро ме познаваш“ беше изгласана за најголем радиски хит за 2012 година. Со 94 поени Андоновски се искачи на првото место, додека на второто се најде минатогодишниот победник Влатко Лозаноски со „Нема ден, нема ноќ“ која доби 83 поени, а на третото со само 2 поени помалку, односно 81 поен освои Тамара Тодевска со „Можеш ли?“.

Фотографија: Вест

Награда од публиката овои дуото Некст Тајм, а за најдобар текст беше награден Владимир Поп Христов за песната „Знаеш каде да ме најдеш“ во изведба на Нокаут. Бендот Ај Кју ја доби наградата за Ѕвезда со најголем подем во 2012 година, а за особени заслуги во развојот на македонската музика беа наградени Гаро и браќата Тавитјан, кои на сцената се претставија со „Сношти сакав да ти дојдам“ во соработка со Аки Рахимовски. Покрај Рахимовски во ревијалниот дел настапија и Фламингоси, кои промовираја нова песна и им беше доделена наградата „Медиумска популарност во Македонија“.

По подолга пауза, на фестивалот се појави и Ребека, која ја подигна наградата за здружението „Дајте ни крила“, со што овој фестивал доби хуманитарна нота, односно дел од средствата кои беа собрани по пат на телефонско гласање ќе бидат донирани на ова здружение.

Во продолжение слушнете го уште еднаш најголемиот радиски хит за 2012 година, одличната балада „Добро ме познаваш“ на Димитар Андоновски.

 



Врати се горе ↑