Македонија

19 ноември, 2016

Димитар Андоновски е најновиот член на „Тајфата“

Познатиот пејач и автор Димитар Андоновски стана дел од семејството на етно групата „Тајфата“.

„Се работи за еден нов музички проект, кој се надеваме дека вие, публиката ќе бидете задоволни од она што допрва планираме да го презентираме. Со задоволство ја прифатив поканата од бендот затоа што се работи за професионални музичари со долгогодишно музичко искуство. Почнуваме со полна пареа да работиме на новиот студиски материјал кој наскоро ќе го претставиме на јавноста“, изјави популарниот битолчанец, кој прави пауза од поп сцената, но активен е како автор на музика за театар.

Се надеваме дека, меѓу другото, повторно ќе го слушнеме со неговата виолина. Инаку, во „Тајфата“ до неодамна членуваше Никола Коки Јанков, кој (со посебна „Тајфа“) исто така работи на нов материјал.

tajfata



Врати се горе ↑