Македонија 10464191_920256624658108_2450615448860125482_n

24 март, 2017

Диме има нов хит!

После подолга пауза како самостоен изведувач, Димитар Андоновски конечно се враќа на сцената со нов хит! Станува збор за темата насловена „Само ти“, која веќе се врти на радио станиците ширум Македонија, а наскоро се очекува да биде претставен и видео запис.

Популарниот битолчанец, кој од минатата година е дел од „Тајфата“, објави неколку куси извадоци од песната, а истите можете да ги слушнете на неговиот профил на Фејсбук.

Новопечениот татко последно беше актуелен со макфестовската „Жал ми е“, а дека новата песна ќе го повтори успехот на бројните негови хитови, можеме да заклучиме уште при првото слушање.

dime



Врати се горе ↑