Македонија dime-tajfa

21 декември, 2016

Диме и „Тајфата“ ќе пеат „Седум дена, седум ноќи“

Димитар Андоновски и „Тајфата“ ги здружија силите неодамна, па и покрај набиената агенда, момците сепак најдоа време да влезат во студио и да ја снимат својата прва песна што ќе биде претставена наскоро.

„Песната е дело на Лазар и Магдалена Цветкоски, а се работи за нов стил кој веќе ’Тајфата’ го најави. Поп музика смешана со етно елементи, нешто што се надеваме дека во иднина ќе привлече големо внимание кај публиката. Песната се вика ’Седум дена, седум ноќи’. Музиката и аранжманот се на Лазар, додека пак текстот е дело на Магдалена. Наскоро планираме да снимимие и видео спот за истата“, велат момците од „Тајфата“.

tajfa-pesna

Секако дека Диме и „Тајфата“ не запираат тука, па ќе продолжат со настапи ширум Македонија, како и со работата на новиот албум што ќе биде промовиран следната година.



Врати се горе ↑