12 јуни, 2017

Диме и „Тајфата“ ги промовираа своите „Седум дена, седум ноќи“

Откако минатата година Димитар Андоновски стана најновиот член на „Тајфата, момците веднаш започнаа со работа настапувајќи ширум целата земја, а ветија и дека ќе нè почестат со нов, авторски материјал, па така деновиве стигна и првиот екранизиран сингл насловен „Седум дена, седум ноќи“. Оваа етно-поп тема е авторско дело на тандемот Лазар и Магдалена Цветкоски, а за екранизацијата се погрижи екипата на битолската продукција „Веста“.

„Со оваа песна сакаме да го најавиме новиот музички правец во Македонија, односно ќе имате можност да слушнете етно-поп тема за која сме сигурни дека ќе допре до публиката. Ние не застануваме тука, веќе се подготвуваме за снимање на заедничкиот албум, без разлика што настапите од ден на ден сè повеќе се зголемуваат“, изјавија од „Тајфата“, а како звучи и изгледа нивното првенче можете да погледнете горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑