Аудио Rihanna-Diamonds

20 октомври, 2012

„Дијамантите“ го најавија новиот албум на Ријана

„За точно еден месец, седмиот по ред студиски албум на Ријана насловен „Unapologetic”, ќе биде пуштен во продажба ширум светот.“ пишуваше на страницата за новости на атрактивната пејачка од Барбадос.

Годинава за Ријана беше со прилично набиен распоред. Уште на самиот почеток на 2012 година, таа го промовираше нејзиниот втор парфем „Rebelle“, а веднаш потоа доби две награди на Еми и Брит наградите. Следуваше улога во филмот „Battleship“ со што ја започна и нејзината филмска кариера.

Како најава за претстојниот албум, во септември таа го издаде првиот сингл „Diamonds“, кој го опиша како „среќен и хипи“, нешто поразлично од она што до сега можевме да го слушнеме од неа. Хитот одлично котира на светските топ листи. Промоцијата за „Unapologetic“ е најавена за Ноември годинава, a петтата „Дијамантска светска турнеја“ е закажана за месец Март, следната година.

 



Врати се горе ↑