Свет kesha-610x360

20 декември, 2012

„Die Young“ од Кеша повлечена од радиата поради масакрот во Конектикат

Минатата недела синглот „Die Young“ во изведба на Кеша имал преку 167 милиони емитувања на радио станиците низ Америка. Но, по масакрот кој се случи во училиштето Сенди Хук во градчето Њутаун во Конектикат, каде што од 26 настрадани 20 беа деца, многу од радио станиците ширум САД обиваат да ја емитуваат оваа песна. Ваков пад во радиската популарност не се случила откако кантри поп бендот Дикси Чикс беше критикуван од тогаш актуелниот претседател на Америка, Џорџ В. Буш.

И самата Кеша, која овој сингл го напишала заедно со лидерот на групата Фан – Нејт Руес, изјавила дека разбира зошто песната не е пуштана во етер, изразила длабоко сочуство, како и тоа дека и самата се противела на текстот. Иако песната има поинаква порака, сепак делот во кој се пее „die young“ се повторува повеќе пати, што е непријатно за слушање по еден ваков немил настан.

Трагедијата во основното училиште повторно ја активира дебатата во американското општество за строгата контрола околу дозволата за носење оружје. Изведувачот и продуцент на електронска музика, Моби е ден од познатите кои бараат построги закони кои го регулираат поседувањето и носењето на оружје во Америка. Тој на Твитер напишал: „Ако контролирањето на поседување оружје спаси живот, па макар и на едно дете, зарем тоа не е вреди ништо?“

 



Врати се горе ↑