Аудио

28 септември, 2018

Диџеј Снејк, Озуна, Селена Гомез и Карди Би имаат потенцијален мегахит со „Тaki Taki“

По неколкумесечни најави и очекувања, конечно стигна заедничкиот сингл на едни од најслушаните музички ѕвезди во моментов, а темата насловена „Taki Taki“ на диџеј Снејк, Озуна, Селена Гомез и Карди Би уште при првото слушање се заканува да биде новата „Despacito“ или „Mi Gente“.

Со заразниот латино-ритам и примеси на регетон и хип-хоп, „Taki Taki“ дефинитивно ќе ги „уништи“ сите музички сервиси за преслушување музика, а за сето тоа дополнително ќе придонесе и „вулканското“ видео што се очекува да стигне наскоро. Дотогаш, слушнете како звучи оваа интересна соработка диџеј Снејк со порториканскиот рапер Озуна и колешките Селена Гомез и Карди Би. Уживајте!



Врати се горе ↑