Видео

12 октомври, 2018

Диџеј Снејк, Озуна, Селена Гомез и Карди Би го екранизираа хитот „Тaki Taki“

Францускиот диџеј и продуцент Вилијам Сами Етјен Григасин, познат како диџеј Снејк неодамна ги здружи силите со колегите Озуна, Селена Гомез и Карди Би за потенцијалниот мегахит „Taki Taki“, кој сега доби и вулканско визуелно засилување. Она што овој сингл го прави уште поинтересен е и фактот дека Карди Би и Селена пеат делумно на шпански јазик, а сведоци сме дека тн. латино-хитови доживуваат ренесанса изминативе неколку години, благодарение на „заразите“ како „Despacito“ и „Mi Gente“.

Од своето објавување на 28 септември, „Taki Taki“ успеа да се искачи меѓу најдобрите десет на топ-листите во Ел Салвадор, Франција, Грција, Унгарија, Италија, Панама, Словачка, Шпанија, Шведска и Швајцарија, како и меѓу најдобрите 20 во Канада, Чешка, Ирска, Холандија и Норвешка. Во САД, синглот стана 16. последовалетен топ-40 хит за Селена Гомез, со што пејачката се стекна со статус на уметник со најдолг стаж на Билбордовата листа со 100-те најжешки синглови.

 



Врати се горе ↑