Македонија IMG-20131028-WA0000

29 октомври, 2013

Диџеј Шорти Пи со свој сет во Швајцарија

Нашиот хип-хоп и Р&Б диџеј Шорти Пи ака Панчо, оваа сабота (2-ри ноември) ќе има свој сет во Шафхаусен- Швајцарија во тамошниот најурбан клуб „Тап Таб“. По одличните настапи летово на хип-хоп фестивалот Фреш Ајланд во Хрватска и последниот во клубот Фристајлер во Белград, следна дестинација на Панчо е легендарниот швајцарски клуб каде што настапиле многу еминентни диџеи и артисти.

„Ова е мој втор диџеј сет во Тап Таб и презадоволен сум што сум оставил одличен впечаток кај швајцарската публика која има истенчен вкус кога се работи за музика“ – вели Панчо.

Веќе познатите светски хитови, но и нови синглови од хип-хоп и Р&Б стилот ќе бидат дел од репертоарот на Панчо во сабота во Швајцарија.

 



Врати се горе ↑