Настани Panco3

9 септември, 2013

Диџеј Шорти Пи со настап во Белград

После одличниот настап на хип хоп фестивалот Fresh Island на монденското место Зрче на островот Паг во Хрватска, каде што настапи на истата сцена со големите Снуп Дог, Ејсеп Роки и Медкон, нашиот диџеј Шорти Пи ака Панчо продолжува со освојување на балканските метрополи. Следен на листата е Белград, каде што наредната среда на 18-ти септември Панчо ќе има свој диџеј сет во најдобриот белградски хип-хоп и р&б клуб Freestyler кадешто излегува белградската елита и џет сет.

„Чест ми е што сум еден од ретките македонски диџеи кои имале свој настап во овој еминентен клуб. Ќе се потрудам белграѓани да примат многу позитивни вибрации и да им овозможам забава за која ќе зборуваат долго време“ – изјавува Панчо.

После настапот во Белград, Панчо ќе продолжи со неговите настапи во Македонија, а следна држава во која ќе има свој сет ќе биде Швајцарија.

 


Врати се горе ↑