Македонија Panco1

16 јануари, 2014

Диџеј Шорти Пи ака Панчо со свој сет во Загреб

Нашиот хип-хоп и Р&Б диџеј Шорти Пи ака Панчо, утре (17-ти јануари, петок) ќе има свој сет во најурбаниот клуб во Загреб – Грув. По одличните настапи минатата година на хип-хоп фестивалот Фреш Ајланд во Хрватска, во клубот Фристајлер во Белград и последниот во Шафхаузен – Швајцарија, следна дестинација на Панчо е колевката на балканскиот хип-хоп, Загреб, каде публиката има префинет вкус  за овој тип на забави.

„Загреб е една од моите омилени балкански дестинации кога станува збор за диџеј сетови. Презадоволен сум што сум оставил одличен впечаток кај тамошната публика и на мое огромно задоволство повторно ќе бидам гостин во нивниот град“ – вели Панчо.

Веќе познатите светски хитови, но и нови синглови од хип-хоп и р&Б стилот ќе бидат дел од репертоарот на Панчо во петок во Загреб.




Врати се горе ↑