Аудио 10653681_10204701971334885_7510286684620624425_n

11 јуни, 2015

Диџеј Сајо со одличен ремикс на „Месечина“ од Калиопи

Хитот „Месечина“ од нашата поп дива Калиопи неодамна доби и интересно ремикс издание за кое се погрижи диџеј Сајо. Зад овој псевдоним стои талентираниот прилепчанец Дарио Сајоски, кој често прави интересни хаус верзии на познати хитови. Покрај ремиксот на „Месечина“, кој можете да го преслушате во продолжение, Сајо најавува и ремикс на песна од Тоше Проески.

 

Сајо можете да го следите на Фејсбук, а останатите миксови слушнете ги на неговиот канал на Јутјуб.

И.Ј.



Врати се горе ↑