Настани ImageProxy (2)

16 јули, 2014

Диџеј Сабб, Никифор и Зоки Бејбе на „Грин Бич 2014“

ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ (Green Beach Festival) и обалата на плажата Парк во Охрид, на 1 август 2014 петти пат по ред ја продолжува традицијата како број 1 летен настан во Македонија. Во организација на „Пасворд Продакшн“ и „Октопуси Ентертеинмент“, грандиозниот електро денс фестивал и оваа година е подготвени да ги пречекаат илјадниците фанови желни за незаборавна забава со врвните диџеи. Покрај веќе најавениот хедлајнер на фестивалот, легендарниот и греми номиниран њујоршки диџеј и продуцент ДЕНИ ТЕНАГЛИА, сцената на ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ ќе го претстави и еден од најдобрите нови диџеи во регионот и миленикот на „Битпорт“ – САББ (SABB).

Малкумина се диџеите или продуценти кои со својот сопствен стил инспирираат цел еден музички правец, а без сомнеж токму диџеј САББ (Сабри Кастрати) успева да го направи тоа самостојно и во моментов пред него е големиот пат кон светската електронска сцена.  Со потекло од главниот град на Косово, Приштина, неговиот дип-теки-трајбал-хипнотик грув го направи значаен играч во електронската музичка сцена во изминатите две години. Многу од изданијата на САББ ќе ги најдете на најреспектираните и најголемите андерграунд електронски етикети како што се „Ноар Мјузик“ (Noir Music), „Мун Харбор Рекордингс“ (Moon Harbour Recordings), „Аудиоматик Рекордингс“ (Audiomatique Recordings), „Дефектед“ (Defected), „Муд Мјузик“ (Mood Music), „Флеш“ (FLASH), „Грејт Стаф Рек“ (Great Stuff Rec) и многу други. Само во последните неколку месеци САББ беше ангажиран со повеќе ремикси за артисти како „Хот Синс 82“ (Hot Since 82), „Плежркрафт“ (Pleasurekraft), Вели Лопез (Wally Lopez), Крис Лејк (Chris Lake), Карл Лио (Carlo Lio), Саед Јунан (Saeed Younan), Вехба (Wehbba), Гери Бек (Gary Beck), „Супернова“ (Supernova) и Хектор Куто (Hector Couto). Само една година по започнувањето на неговата продуцентска кариера, првото издание на САББ, „Dead Corps“, веднаш се најде на Топ 100 листата на „Битпорт“(Beatport) и беше објавено за неговата сопствена етикета „СК Суприм Рекордс“. Доколку треба да се одвојат само неколку исклучително значајни сегменти од неговите последни изданија, тоа сигирно се:

  • Don’t Kill My Vibe“ – објавено за „Мун Харбор“ кое достигна до 12. место на тек-хаус листата на „Битпорт“ и беше во топ 10 омилени траки од листите на славните Денис Ферер, Матиас Танзман, Моника Крус и многу други. Истата трака беше вклучена и во компилацијата „Amnesia Ibiza Summer Underground“.
  • Illusiones“ објавена за „Нуар Мјузик“ се задржа во изборот на топ 50 траки цели три месеци директно на „Битпорт“ тек хаус листата и го достигна високото 3. место. Роџер Санчез исто така ја одбра како една од неговите топ 10.
  • Don’t you know“ се искачи до 12. место во тек хаус листата, беше селектирана во листите на Алфред Азето, Џеј Лумен, Грамофонџие и беше трака која можевте да ја чуете речиси на секој сет на Марко Карола за време на неговата луда сезона на Ибица.

Но, не смееме да заборавиме и дека тука се и уште многу други неверојатни оригинални изданија. САББ исто така во два наврати се искачи на 2 место на Битпорт дип-хаус листата со „Sax On Wax“ и со неговиот летен хит од 2010, „Ballkanika“.

 

Без разлика дали на забава на плажа во С.А.Д. или во ноќен клуб во Европа, разновидните сетови на диџеј САББ се секогаш суптилно нијансирани според енергијата која тој ја чувствува од арената и публиката пред која настапува. А познавајќи ја публиката на ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ како и магичната локација, плажата Парк на самиот брег на Охридското Езеро, сигурни сме дека Диџеј САББ на 1 август ќе блесне со најдоброто од она што го умее.

Покрај САББ, во улога на домашна поддршка на ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ 2014 ќе настапат и добрите познавачи на македонската клабинг сцена и публика, препознатливи по своите квалитетни настапи, диџеите ЗОКИ БЕЈБЕ и НИКИФОР.

По нивните настапи вечерта на ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ ќе го има задоволството, по повеќегодишни обиди, како свој хедлајнер и за прв пат во Македонија да го угости легендарниот ДЕНИ ТЕНАГЛИА (DANNY TENAGLIA) – греми номинираниот и еден од најдобрите њујоршки диџеи со повеќе од 200 продукциски изданија зад себе. Но и тоа не е сè! Кралот на трајбал хаус звукот и човекот кој прв ги започна т.н. продолжени сетови на електронската сцена, Дени Тенаглиа доаѓа на ГРИН БИЧ токму со неговото најпрепознатливо одбележје спакувано во ексклузивен продолжен сет. Едно од најголемите имиња во историјата на електронската музика, ДЕНИ ТЕНАГЛИА, ретко имаме прилика воопшто да го видиме на стариот континент, а годинава на наше задоволство, по одличниот бек-ту-бек настап со легендата Карл Кокс како хедлајнери на најдобриот европски фестивал Егзит, една од ретките станиците на ексклузивната турнеја низ Европа е токму ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ.

ВЛЕЗНИЦИТЕ ЗА ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ СЕ ВЕЌЕ ПУШТЕНИ ВО ПРОДАЖБА

Првиот контнгент влезници за ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ се веќе достапни во продажба во ограничен број и по промотивна цена од 500 денари за регуларните влезници и 800 денари за ВИП влезниците!

По нивната распродажба, влезниците ќе се продаваат по регуларната цена во претпродажба (регуларни влезници: 650 денари; ВИП влезници: 900 денари), додека пак полната цена на влезниците кои ќе се продаваат на влезот на фестивалот изнесува 800 денари за регуларните и 1 000 денари за ВИП влезниците.

Билетите се достапни во продажната мрежа на МКтикетс:

  • продажните салони на One низ Македонија;
  • во Скопје:  Југотон, МПМ Пресс, Гоги Драчево, Универзална Сала, Кафе Круг – Аеродром, Мезе Бар – Скопјанка;
  • Низ Македонија: Алпине Спорт – Тетово, Кафе Амнезија – Тетово, Тобако – Охрид, ЗиЗи Топ – Охрид, Маркети Дон – Охрид, Маркет Дон – Струга;
  • онлајн на www.mktickets.mk

За оние пак кои на Грин Бич Фестивал доаѓаат со својата екипа и сакаат да го резервираат своето место во ВИП зоната, достапни се и ВИП пакетите кои чинат 6.000 денари (пакетите вклучуваат 4 ВИП влезници, барска маса, шише пијалок Јегермаистер или Водка). Нивната продажба се спроведува само со резервации на телефонските броеви 02 / 3 239 860 и 070 275 624.



Врати се горе ↑