Настани 941958_525114917555215_719340659_n

2 август, 2013

Диџеј Ник Капа вечерва во Аква Парк – Пробиштип

За прв пат, на местото кое се тресе од забави секој викенд, европскиот хитмејкер диџеј Ник Капа! Денеска, 2-ри август, Аква Парк – Пробиштип и овој пат нуди забава за паметење и како веќе докажана екипа за реализација на одлични журки и овој петок очекуваме позитивен хаос заедно со диџеј Ник Капа.

Ник Капа, познат како „летниот” диџеј поради песните кои ги пласира секое лето и истите стануваат европски хитови, овој викенд ќе биде во Македонија! Тој за неговото гостување вели: „Се радувам што добив покана од две места покрај вода овој викенд! Едвај чекам да се сретнеме во Пробиштип во петок (2-ри) покрај базен, па потоа се гледаме во Охрид, во сабота (3-ти) покрај езеро! И на двете места ќе грмиме јако!”

Инаку, диџеј Ник Капа по Пробиштип, патува за Охрид каде на 3-ти (сабота) ќе биде дел од журката на Градиште(2-ра плажа) заедно со Слаткаристика, Газда Паја, Токсиколози и други.

Аква Парк – Пробиштип Ве очекува со диџеј Ник Капа и неговата „Summer In Love”!

 



Врати се горе ↑