Аудио

16 ноември, 2017

Диџеј Харис направи ремикс на летниот хит „Дојди“ од Викторија Лоба

Прилепскиот диџеј и продуцент Хари Ристески, кој твори под името диџеј Харис, деновиве го претстави својот нов ремикс на веселата нумера Дојди, во изведба на Викторија Лоба и продукција на Роберт Билбилов, кој беше прогласен и за радиски поп-хит на годинашното роденденско издание на Македонскиот радиски фестивал – „МАРС 2017“.

Харис, со својата преработка во мумбахатон/денсхол жанр, ѝ дава посебен шмек на песната со што се истакнува неговиот стил на продукција. Како звучи овој ремикс можете да слушнете во продолжение, а во самиот опис на видеото на Јутјуб поставен е линк за бесплатно преземање. Уживајте!



Врати се горе ↑