18 март, 2015

Диџеј Ерик Фокс и Симона со нов сингл и фотосесија

Ако ја сакаш мојата љубов“ односно „If You Want My Love“ не е насловот на прирачник за тоа како се заслужува љубовта на атрактивната пејачка Симона Попоска, туку само насловот на новата песна на дуото во кое настапува, а кое се нарекува „Саунд месинџерс“. Атрактивната пејачка со новата фотосесија го најави новиот позитивен малку поразличен „фанки дип хаус“ (Funky Deep House) сингл соодветен за пролетниот топол период што следи…

Фотосесијата ја изработи одличниот фотограф Никола Аџиевски, кој веќе седум години активно се занимава со фотографија, за стајлингот на истата се погрижија шминкерот  Бобан Тодоровски, кој насекаде ја следи пејачката, накит Наташа Гулевска. Комплетен автор на песната и овој пат е диџејот и продуцент Ерик Фокс, додека текстот го напиша Виктор Зафировски, а посебна благодарност до студио Јованови и „On AirMacedonia“ за поддршката.

Во продолжение уживајте во фотографиите, а новиот сингл, за кој се надеваме ќе биде новиот голем хит на дуото, Ве очекува горе.



Врати се горе ↑