Свет article_big_1362160848diddy_TV_video_still

3 март, 2013

Диди: Јас прв го претставив „Харлем Шејк“

Како што Ви е познато, најновото „вирално лудило“ е интересниот и откачен „Харлем Шејк“ танц, кој го зарази светот откако минатото лето њујоршкиот диџеј Бауер ја претстави истоимената песна. Како што пишува американскиот MTV, овој танц има свое потекло во необичните движења кои уште во 1981 година во Харлем ги претставил пејачот и продуцент Ал Би (Al B), додека слични движења промовираа изведувачите како што се Џи-Деп (G-Dep) и Паф Деди во текот на деведесеттите години, што наводно најдобро можело да се види во видео записот за песната „Let’s Get It“ од 2001 година. Во неодамна објавено видео на сервисот ЈуТјуб, некои жители на Харлем изразиле незадоволство од верзијата на Бауер – раперот Вини Чејс (Vinny Cha$e) рекол дека „сега луѓето кои никогаш не биле во Харлем веруваат дека ова е вистинскиот ’Харлем шејк’, додека ’вистинското нешто’ одамна го претставиле Диди, Џадакис и останатите.“

 

За сето ова, во видео интервју за MTV News кое можете да го погледнете подолу, Диди вели:

„Ова е едноставно забавно, верзијата на Бауер е забавна. Ако луѓето решат да танцуваат, особено во овие времиња кога сите се обидуваат да бидат ’кул’, да се опуштат или да исфрлат нешто од себе, за мене тоа е сосема во ред. Јас би сакал луѓето да се информираат што е вистинскиот ’Харлем Шејк’. Тоа само по себе е уметничка форма, но сè што го претставува мојот роден Харлем во позитивно светло, јас го поддржувам“.

И на крајот од интервјуто Диди не пропушти да додаде дека по секој ваков танц кој е напорен, ја препорачува неговата брендирана минерална вода.

Извор: MTV.com



Врати се горе ↑