Аудио V2_2

26 јуни, 2014

„Dharma“ е новиот сингл на српското трио Верзија 2

„Dharma“ е новиот сингл на белградското трио Верзија 2, кој пристигна задно со ремастерираното издание на првиот албум „Пробуди ме“ од 2012 година. Одлучни во намерата своето делување да не го изложуваат на компромис уште од самиот почеток, триото составено од Александра Марковиќ (бас гитара и вокал), Дејан Николиќ (тапани) и Милош Марковиќ (гитара), одлучи новиот сингл, кој го претставува меѓу првиот и следниот албум, да биде десетминутна инструментална композиција снимена во само една проба во која ја прикажуваат својата авторска и изведувачка умешност.

Песната е снимена во студиото „Марк“, а за мастерингот беше задолжена екипа од Њујорк. Новиот сингл „Dharma“ заедно со ремастерираниот деби албум „Пробуди ме“, кој доби мошне добри оценки од публиката и критиката, може да се набави на брендиран УСБ уред, а сите подетални информации можат да се најдат на интернет страната на Верзија 2 (www.verzija2.com/usb.html).

 

www.verzija2.com



Врати се горе ↑