5 март, 2017

„Девојките“ со одлична преработка на хит од „Ареа“

Сандра Јорданова, Наталија Мејанџиева и Моника Ѓорѓиева им се добро познати на македонската публика, благодарение на нивните настапи ширум цела Македонија, а ова трио познато како „Девојките“, или „Д чикс“ (The Chicks), деновиве го претстави и своето прво видео.

Станува збор за преработка на темата „Колку ми значиш“ од легендарната рок група „Ареа“, со која девојките сакаат да им се заблагодарат на своите верни фанови и да им кажат „колку им значи“ нивната поддршка.

девојките

Сите новости на трите талентирани велешанки можете да ги следите на нивната фан страница на Фејсбук.



Врати се горе ↑