Видео

26 јуни, 2018

„Девојките“ препеаја хит од Елена Ристеска

Триото „Д чикс“ или „Девојките“ во саботата го промовираше својот нов проект, кој доаѓа по минатогодишната макфестовска тема „Боите на љубовта“, за која се закити и со наградата за најдобар дебитант на фестивалот.

Новиот проект е, всушност, преработка на познатиот хит од нивната колешка Елена Ристеска, баладата „Доживотно“, која пејачката ја смести на последниот албум „Без шминка“ (2015). Новата верзија на „Девојките“ е со аранжман на музичкиот продуцент Дино Зукиќ, во чие студио се снимаше и самата песна, а сето тоа го визуализираше продукцијата „Тулип про“, под режисерската палка на Данчо Стефков.

Драги наши, слушајте го вториот официјален кавер на The Chicks, Доживотно од Елена Ристеска. Голема благодарност до…

Gepostet von The Chicks – Девојките am Sonntag, 24. Juni 2018

 

„Девојките“, односно Наталија Мејанџиева, Сандра Јорданова и Моника Ѓорѓиева, се познати по одличните преработки на познати хитови, како и по бројните настапи ширум земјата, а како звучи и изгледа нивната верзија на „Доживотно“ дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑