Видео

8 ноември, 2017

„Девојките“ ја екранизираа макфестовската „Боите на љубовта“

На годинашното, 32. по ред издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2017“ за првпат настапија голем дел нови и надежни имиња на македонската сцена, а едни од нив беа и „Девојките“ или „Д чикс“ (The Chicks), кои за своето прво учество на популарниот фестивал се закитија и со наградата за најдобар дебитант.

Веднаш по фестивалот, нивната песна насловена „Боите на љубовта“ почна да се врти по македонските радија, а од неодамна студиската снимка е достапна и на Јутјуб, каде што е во придружба на симпатично анимирано видео, изработено од Влатко Рикалоски.

22282015_1946051902309215_1079367030203815537_n

„Боите на љубовта“ воедно е и прва авторска песна на „Девојките“, кои самите се потпишуваат како авторки на музиката, а стиховите се дело на Стефан Марковски, додека аранжманот го направи Дино Зукиќ, во чие домашно студио е снимена и самата песна.

„Додека ја правевме мислевме на многу убави работи, а целта ни беше да пренесеме позитивни чувства и љубов за сите вас и сите нас“, велат Наталија, Сандра и Моника за своето првенче, а каква визуализација добија „Боите на љубовта“ можете да погледнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑