Концерт plakat

25 септември, 2013

„Девојката со точакот“ – прв самостоен концерт на Пеперминт

Пеперминт е македонски поп-рок бенд кој рапидно ја доживеа својата слава, а доказ за тоа е и наградата за најдобар бенд на „ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА 2012“. Овој самостоен концерт на Пеперминт е насловен по хитот „Девојката со точакот” со кој македонската публика се запозна со овој бенд. По тој повод сите девојки кои таа вечер на концертот ќе пристигнат со својот точак ќе добијат гратис карта. Од страна на клубот Хавана ќе бидат обезбедени паркиралишта за точаците пред самиот клуб.

Бендот зад себе  има два студиски албума, првиот албум е „Некако Така“ од кој вистински хит стана синглот „Девојката со точакот“, чиј интересен и несекојдневен видео запис беше вистинско освежување.

 

Во јануари 2012 година го издадоа и првиот сингл „Ако“ од вториот албум „Ама ако“, песна која станува уште еден нивен хит.

 

Вториот албум со наслов „Ама ако“ излезе во февруари годинава и содржи 11 нови и 7 хитови од претходниот. Во овој период го издадоа и синглот „Riding my Harley in the rain“, за која песна издадоа и видео запис кој беше дел од регионалниот тв канал MTV ADRIA.

 

По завршувањето на концертот на бендот, настанот ќе продолжи со сет на DJ Game Over. Картите ќе бидат пуштени во претпродажба од 7-ми октомври по цена од 150МКД во Custom Pub, Љубов, Happy cafe.



Врати се горе ↑