Видео sm-goc

17 ноември, 2015

Девојката со харфата се запиша во историјата‏

Скопскиот фестивал“ помина минатата недела, а импресиите сè уште не стивнуваат. Добитниците на награди познати, а јавноста сè уште избира свој фаворит. Од сите изведувачи, најмногу се коментира настапот на Сара Мејс која секогаш инвентивна, се обидува да поттикне различни чувства кај публиката. Овојпат не запираат позитивните коментари од јавноста и музичките експерти за песната „Градина од цреши“, која се најде на третото место на последното издание на фестивалот.

Фантастичниот спој на почетокот на песната со македонската традиционална народна музика и тапанот како наш најпознат музички инструмент во историјата, со класичниот звук на харфата и кристално чистиот глас на Сара, веднаш влезе во увото на секој оној кој ја слушна „Градина од цреши“. Токму тој музички несекојдневен спој кој ни го претстави Мејс влезе во историјата на нашиот најпознат музички фестивал на забавна музика каде што го добивме првиот изведувач којшто истовремено пееше и свиреше на харфа.

По 8.000 прегледи на аматерското видео поставено на социјалната мрежа Фејсбук, непосредно по настапот на Сара Мејс на „Скопски фестивал“, вчера на нејзиниот канал на Јутјуб се појави видео во HD резолуција, за сите оние кои сакаат да ја слушнат песната. Ние дури и би предложиле ако МРТ сè уште не одлучила како и кого да го избере за наш евровизиски претставник в година во Стокхолм, токму оваа песна би била одличен избор! Уживате!



Врати се горе ↑