7 ноември, 2013

Девана со нов видео запис: Погледнете го „Тоа не сум јас“

По успешниот пласман во „Македонски Идол“ и „M2“, Девана Ѓорѓиевска стана ексклузивец на „УРБАН ПУЛС Продукција“. Таа почна да го подготвува својот албум, издаде еден видео запис за темата „Единствена, а минатата недела го промовираше и нејзиниот втор видео запис за песната „Тоа не сум јас“. Песната и спотот беа премиерно пуштени на Backstage на MТВ 1, а сите кои што сакаат да го видат, веќе можат да го погледнат на YouTube и на националните телевизии.

За музиката и текстот се погрижи Димитар Синдилиев – Синди, а за видеото се погрижи Александар Алексовски. Инаку Девана е втора година на Факултетот за Музичка Уметност и покрај професионалните ангажмани и обврски за оперско пеење кои ги исполнува таму, наоѓа време паралелно да се посвети и на својата музичка кариера која бележи значителен прогрес. Интересно е што нејзините песни се комбинација на повеќе жанрови и ја задоволува масата на луѓе со различни вкусови. Во моментов таа се подготвува со својот бенд за турнеја низ Македонија каде што ќе можат во живо да ја слушнат и видат младите луѓе од другите градови.



Врати се горе ↑