За Вас

13 септември, 2018

Детскиот фестивал „Поточиња“ објавува аудиција за нови членови

Оваа пролет детскиот фестивал „Поточиња“ го прослави својот 15. роденден со прекрасни шест претстави во Македонската опера и балет, а со доаѓањето на есента започнуваат подготовките за новото 16. издание „Поточиња 2019“, кое ќе се одржи следната пролет.

За таа цел, организаторот „Пап продукција“ објавува аудиција за прием на нови членови – учесници на „Поточиња 2019“. Аудицијата ќе се одржи во градинката „Срничка“ (објект Бамби) во нас. Аеродром од 17 до 20 септември во периодот 18.00 – 19.00 часот.

Сите заинтересирани деца на возраст од 5 до 10 години може да дојдат во еден од предвидените термини и со широка насмевка да испеат една омилена песничка.

За повеќе информации можете да се обратите на produkcijapap@gmail или 072 210 660.



Врати се горе ↑