За Вас Potocinja.Poster.2017

22 март, 2017

Детскиот фестивал „Поточиња 2017“ на 8 и 9 април во МОБ

Со пристигнување на пролетта, на 8 и 9 април во Македонска опера и балет пристигнува и новото 14. издание на детскиот фестивал „Поточиња“. Најмалите љубители на музиката ќе можат да проследат 15 нови песнички и да уживаат во неповторливата детска забава за која ќе се погрижат солистите и хорот на детскиот фестивал „Поточиња“, како и маскотата „Поки“ во улога на водител.

Организаторот „Пап продукција“ информира дека на репертоарот се 6 претстави со почеток од 11.00, 13.00 и 19.00 часот. Билетите по цена од 200 денари се во продажба на билетарницата на МОБ, „Југотон“, касата на Универзална сала и продажната мрежа МК Тикетс.

Potocinja.Poster.2017



Врати се горе ↑