Свет 996931_10151695673176200_1209123787_n

1 декември, 2013

Детска Евровизија 2013: Прва победа за Малта, последно место за Македонија

Вчера се одржа 11-тото издание на Детската Евровизија, чиј домаќин годинава беше украинскиот град Киев, а на евровизиската сцена настапија претставници од 12 земји. Со освоени 130 поени, победничката композиција годинава е темата насловена „The Start“ која ја отпеа 11-годишната Гаја Kаучи од Малта, донесувајќи ја првата победа за оваа земја која учествува на овој натпревар од самиот почеток во 2003 година. Интересно е тоа што ова талентирано девојче минатата година победи и на детската верзија од познатиот италијански фестивал Санремо. Синоќешниот настап можете да го погледнете во продолжение.

 

По пауза од една година, Македонија овој пат ја испрати Барбара Поповиќ, која се претстави со песната „Охрид и музика“. За жал, оваа композиција заврши на последното 12-то место со само 19 поени. 13-годишната Поповиќ на сцената беше придружувана од Емилија Јовковска, Огнен Анѓушев и Сара Кастратовиќ, која е ќерка на познатата ракометарка Индира Кастратовиќ. Како изгледаше синоќешниот настап можете да видите во продолжение.

 

Минатогодишниот победник Украина оваа година со 121 поен се пласираше на второто место, а песната „We Are One“ ја отпеа Софија Тарасова. Со 128 поени на третото место се најде композицијата „Пой со мной“ отпеана од претставникот на Белорусија, Илја Волков. Со цел ниту една земја да не заврши без ниту еден поен, годинава сите композиции за почеток добиваа по 12 поени, на кои им беа додадени поените од гласањето. Нашата земја доби по 1 поен од Шведска, Азербејџан, Белорусија, Холандија и Малта, додека Ерменија ни додели 2 поени.

И.Ј.



Врати се горе ↑