Аудио

7 август, 2017

„Despacito“ го собори рекордот на Јутјуб

Кратко траеше владеењето на „See You Again“ на Виз Калифа и Чарли Пут како најгледаното видео на Јутјуб, кое пред помалку од месец дена го надмина корејскиот вирален хит „Gangnam Style“, чиј број на прегледи беше најголем цели 5 години со ред. А сега, без никакво изненадување, новиот шампион е мегахитот на порториканските музичари Луис Фонси и Деди Јенки, „Despacito“, чие видео е и првото што собрало над 3 милијади прегледи на Јутјуб.

Ова е само уште еден во низата успеси на популарниот сингл, кој минатиот месец достигна над 4,3 милијарди преслушувања со што стана најпреслушуваната песна воопшто. Исто така, благодарение на видеото, интересот на туристите за Порторико се зголеми за 45%.

Покрај оригиналната верзија, „Despacito“ доби бројни ремикси и преработки, меѓу кои и ремиксот со Џастин Бибер, како и неодамна објавената верзија на португалски јазик, каде што Луис Фонси пее во дует со колегата Израел Новаес, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑