Концерт

5 декември, 2017

„Десонанц 2017“ во Скопје

Егзотичните „Дамиен Дубровник“ (Damien Dubrovnik), со локална поддршка од „Стринг форсис“ и „Ведис“, овој петок (8 декември) во Македонската филхармонија ќе приредат уникатно концертно доживување за македонската публика.

Во соработка со фестивалот „Таксират“, деветтото издание на „Десонанц 2017“ во Скопје го носи несекојдневниот проект, „Дамиен Дубровник“, на двајца од најпрославените модерни композитори во современата музика и сопствениците на културниот феномен и издавачка куќа „Пош ajзолејшн“ (Posh Isolation) од Копенхаген, Локе Рабек (Loke Rahbek) и Кристијан Стадсгард (Christian Stadsgaard). Настапите во живо на „Дамиен Дубровник“ се легендарни не само поради техничката перфекција на звучниот дизајн во нивната музика, туку и по нивните луцидни сценски перформанси и неверојатната харизма која ја носат на сцена.

Публиката ќе има можност да го проследи и ексклузивниот проект на македонските етно-џез експериментатори „Стринг форсис“ (во комплетен состав). Специјалниот аудиовизуелен перформанс насловен „Копај подлабоко“ ќе понуди подлабок осврт на опусот на бендот, со особен акцент на нивните музички експерименти подалеку од популарната музика, како и неколку уникатни, подлабоки и психоделични верзии на препознатливите хитови.

Вечерта ќе ја отвори „Ведис“, електроакустичниот проект на Клара, која вооружена со својот глас и неколку инструменти ќе ја одведе публиката на магично аудиовизуелно патување.

Десонанц“ е годишен фестивал кој истражува и експериментира со културните стандарди на мултимедијалната уметност, но и границите на колективната естетика.



Врати се горе ↑