Настани

13 септември, 2016

Десет години „Вино Скоп“: Оваа година јубилејно издание на фестивалот

Од 28 септември до 2 октомври во центарот на Скопје традиционално ќе се одржи фестивалот кој ги слави виното и музиката – „Вино Скоп 2016“.

Десет години, градот Скопје секоја есен ужива во боите и вкусовите на македонското вино и деликатеси кои одлично одат во комбинација со добра чаша квалитетно вино, а годинава јубилејно ќе го прославиме десеттото издание на  најпознатиот вински фестивал.

Од организацијата по повод јубилејот ветуваат весела музичка програма, учество на над 20 винарии како и многу други забавни активности со кои ќе се одбележи десетиот роденден на „Вино Скоп“.

fb_cover



Врати се горе ↑