Настани ImageProxy (1)

2 јули, 2014

Десет години „Хепиновисад“ бина

ЕГЗИТ АВАНТУРАТА прославува деценија постоење на една од омилените бини на ЕГЗИТ фестивал! „Хепиновисад“ бината (Happynovisad Stage) веќе години наназад важи за местото на Егзит каде се претставуваат најнапредните стилови и тенденции во алтернативната електронска музика, па не е реткост изведувачите кои настапуваат на оваа бина една година, да доживеат бум дури следната година или пак во следните неколку години. Покрај најактуелните „лајв“ и диџеј сетови, неизбежен дел од програмата се и веќе проверените имиња и великани на андерграунд музиката и културата. По повод десет години постоење, „Хепиновисад“ ќе претстави пресек на светската и британската сцена како и во моментов најпрогресивната продукција која ја допира бејс, техно, рејв и хаус музиката преку сега веќе традиционалните „шоукејс“ настапи на различни издавачки куќи. 

Првата вечер на „Хепиновисад“ бината е резервирана за „Л.И.Е.С.“ ( LIES – Long Iceland Electrical Systems ), етикетата базирана во Бруклин и организацијата Електрана, која веќе десет години работи на промовирање на домашната и регионалната електронска музичка сцена. „Л.И.Е.С.“  е веројатно најпрогресивната издавачка куќа во моментов, Subjects на се чие чело наоѓа Рон Морели , врвниот селектор за кој никогаш не се знае каква музика ќе заврти на настапите. Хедлајнер на вечерта е секако уникатниот „Леговелт“ ( Legowelt ), врвниот и залуден по хардвер продуцент со кој покрај Морели исто така ќе настапи и Грег Бито ( Greg Beato ), тинејџерот од Мајами на кој му се пишува блескава кариера. ВИДЕО за развој на електронската уметност и култура “ , ќе прикаже селекција од домашни изведувачи кои ја докажаа својата доминација во електро звукот изминатите години, па така имаме дури и премиера на лајв сетови на одлични бендови како што се “ЈусЈус” ( YusYus ) и „Конвој Бонтон Бајкера“. Пред Електрана настапуваат уште и „Лост Ин Д Саунд“ ( Lost In The Sound ), „Калигари“ ( Caligari), „ВБ41“ ( WB41 ) и „Неомодерн“ ( Neomodern ), а програмата ќе ја затвори „Иги Доп“ ( Iggy Dope )

Петок 11 јули е инспириран од етикетата „Хаундстут“ (Houndstooth) куќата која е под покровителство на култниот клуб „Фабрик“ од Лондон, а звукот на оваа вечер може да се карактеризира како експериментален бејс и рејв на новата но и старата продукција. „Хаундстут“ ќе го претстави „Спешл Риквест“ ( Special Request ), алијас Пол Вулфорд за кој велат дека е „грубиот и незауздан помлад брат“ на техно великаните (видео долу) и „Аккорд“ ( chord ), специјалниот проект на исклучително талентираниот двоец од Манчестер, Синкро и Индиго. 

 

Во посебниот „санрајз“ термин, ќе настапи „Клауд 9 ака Нуки“ (Cloud 9 aka Nookie ), авторот на хитовите како што се “You Got Me Burnin ‘ “ , “Gonna Be Alright  и ” Give A Little Love , кој ќе изведе ексклузивен 92 ‘- 95’ сет со андерграунд хитовите од тој период. Тука е и швајцарскиот состав „Уи Лав Машинс“ ( We Love Machines ), додека домашна поддршка ќе бидат харизматичниот диџеј и ем-си „Рашид“ ( Rasheed ) искусниот, Диџеј Флип ( DJ Flip ) и Диџеј РаДа ( DJ RADA ), мистериозниот ветеран со посебен атмосферичен сет. „ДСНТ“ (DSNT) е мулти-дисциплинарна креативна компанија базирана во Белфаст која се бави со артист менаџмент, настани, издавање музика, дизајн, изложби и визуелна уметност. Во сабота 12 јули, пред ever „ДСНТ“ настапуваат „Трусс“ ( truss ), лондонскиот техно продуцент со изданија за етикетите „Аур Сиркулар Саунд” (Our Circular Sound), „Авиан“ (Avian) и „Р & С“(R & S ), потоа „Блекнекс“ ( Blacknecks ) специјалниот до неодамна наонимен проект на „Трус“ и „Бличинг Ејџент“ ( Bleaching Agent ), продуцентот кој зад себе ја има поддршката на Дејв Кларк, Нина Кравиц и Моска. 

 

Тука се и „АнД“ ( AnD ) напредниот двоец инспириран од Дејв Кларк, „Мајлер“ ( Myler ) изведувачот со изданија за „Нејкед Ланч“ (Naked Lunch) , „Шаут Рекордс“ (Shout Records), „ВуДу“ (VooDoo) и „Бејс Асолт Рекордс“ (Bass Assault Records) и Фран Хартнет ( Fran Hartnett ), еден од најискусните диџеи од Ирска, секогаш спремен да го понуди најсвежиот и футуристички звук кој е есенција на техното. Истата вечер настапуваат и „Хетем“ ( Hetem ) свежото име на електронската сцена со својот интересен лајв настап, „Фармацист“ ( Pharmacist ), амбиенталниот алијас на Тинкер, членот на „Мистик Стајлз“ (Mystic Stylez) екипата и „Лаг“ ( lag ), најнапредниот млад техно продуцент и диџеј од овие простори. Последната вечер на фестивалот, ќе се претстави „ЛБ10“ (LB10 – LittleBig Agency), која на Петроварадинската тврдина ќе ни пружи разновиден звук на експериментална електроника.

Хедлајнери се „ДМХ Кру“ ( DMX Krew ), легендарниот лондонски изведувач со кариера од 20 години и основач на култната куќа „Брејкин ‘Рекордс“ (Breakin’ Records), една од првите електро и бејс етикети од Велика Британија (видео долу), потоа “Тесела” ( Tesella ) која ни го носи во моментов најпрогресивниот британски звук и “ТР \ \ ЕР” ( TR \ \ ER ), проектот на Том и Едвард Расел, односно Тесел и Трус, на кои ова ќе им биде трет настап на „Хепиновисад“ бината, со што се спојуваат бејс исполнетите прекршени ритмови на првиот со ејсид испрсканото техно на другиот. Овие браќа носат и голема количина аналогна опрема за својот заеднички лајв сет. Истата вечер настапува и „Блек Амига“ ( Black Amiga ), анонимниот изведувач кој пушта музиката да го каже своето, а од домашните изведувачи настапуваат „Џеки Дагер“ ( Jackie Dagger ), уште еден член на „Мистик Стајлз“ екипата и хиперпопуларниот „Теклајф“ колектив (Teklife) новосадскиот битмејкер и продуцент „Јеа Лефт“ ( Yeah Left ) кој премиерно ќе го претстави својот лајв сет, секогаш на задоволство гледаниот и слушан „СМТ # нГ“ ( SMT # nG ) и програмскиот селектор „Х-Коуст“ ( X-Coast ) кој со специјалните гости ќе ја затвори овогодинешната програма на „Хепиновисад“ бината.

ВЛЕЗНИЦИ СО ПОПУСТ САМО УШТЕ  ЕДЕН ДЕН (ДО 3 ЈУЛИ)!

Не заборавајте дека влезниците за фестивалот по повластени цени ќе бидат достапни во продажба само до четврток, 3 јули на полноќ. Потоа, цената на за влезниците  ЕГЗИТ ќе изнесува 4 230 денари, Subjects за  ЕГЗИТ авантурата 4 885 денари,  додека  дневните  влезници ќе бидат достапни по цена од 1 890 денари. Побрзајте и набавете ги влезниците во Југотон и МКтикетс, по актуелните промо цени: ЕГЗИТ фестивал – 3 580 денари, ЕГЗИТ Авантура (ЕГЗИТ + СИ ДЕНС) – 4 230 денари, ЕГЗИТ еднодневни – 1 565 денари, СИ ДЕНС фестивал – 1 895 денари.

Повеќе информации на  www exitfest.org. 



Врати се горе ↑