Настани normal_Depeche_Mode_7

23 октомври, 2012

„Депеш моуд“ во мај во Белград

На конференцијата за новинари во Париз, бендот „Депеш моуд“ го потврди датумот за концерт во Белград. Групата ќе настапи пред белградската публика на 19 мај следната година.

„Депеш моуд“, предводен од Дејв Гахан, го претстави својот тринаесетти студиски албум, како и листата на градови кои ќе ги посетат на турнејата во текот на 2013. Лидерот на бендот изјави дека е многу возбуден поради новиот албум и едвај чека да започне новата турнеја, која ќе ја започнат на 7 мај со концерт во Тел Авив, во Белград настапуваат на 19, а во Загреб на 23 мај. Во текот на големата европска турнеја бендот ќе одржи вкупно 34 концерти, а овој дел од турнејата ќе заврши на 29 јули во Минск. Повеќе од стотина фанови добија можност преку разни интернет сервиси и друштвени мрежи да поставуваат прашања на конфреренцијата за печат, заедно со новинарите.

Картите за концертот ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 29 октомври, преку спрскиот сајт gigstix.com.



Врати се горе ↑