Денс ремикс на макфестовската балада на Мики Секуловски
Баладата која доби еден од најгромогласните аплаузи во првата полуфинална вечер на „Макфест 2014“, композицијата „Како да преживеам“ на Мики Секуловски доби и своја денс верзија соодветна за претстојните летни денови. Автори на песната се Зоран Алексиќ (музика и аранжман) и Рената Кралевска (текст), а моќната и емотивна изведба на Мики ја доби поддршката од публиката која со своите гласови му помогна да ја продолжи борбата и во вечерашното финале.
Ремиксот на макфестовската балада можете да го слушнете во продолжение, а во оригиналната верзија ќе имате можност да уживате вечерва на големото финале кога Мики ќе настапи под реден број 18.
И.Ј.