Галерија

11 јуни, 2018

„Денови на семејни игри“ го исполнија Аеродром со детски дух и радост

Родители и деца, сите заедно, со ентузијазам и радост се натпреваруваа на „Денови на семејни игри“ на платото пред „Капитол мол“, во четвртокот, петокот и во саботата. Нивната среќа доминираше пред настапите на баскерџиите од „Баскерфест Македонија“, кои го најавија својот фестивал со точки исполнети со мистерија и магија.

„Денови на семејни игри“ беше организиран од страна на Капитол мол со цел да ја врати носталгијата на детските игри во маало. Самиот настан го привлече вниманието на стотици посетители и успехот беше очигледен од насмевките на децата и родителите додека играа школка, се тегнеа со јаже, играа минско поле, вртеа хулахоп и други игри. Најдобрите од четвртокот и петокот влегоа во финалето што се играше во саботата. Десетици тимови составени од родител и дете беа пријавени и сите кои учествуваа си заминаа со награди од „Капитол мол“ и од партнерите и поддржувачите.

Овој настан го претставува духот на „Капитол мол“, кој секогаш подготвува активности и кампањи пригодни за секој посетители за сите возрасти.

„Денови на семејни игри“ беше поддржан и од Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија кои го промовираа проектот #БидиАктивен (#BeActive), кој се одржува во склоп на Европската недела на спортот која е во септември.



Врати се горе ↑