Концерт elemental_band_02

3 март, 2017

Денот Е – „Елементал“ на 18 март со концерт во Скопје

„Елементал“ и Скопје, љубов која трае 10 години!

После одличните концерти во Загреб и Белград, третиот град во кој „Елементал“ ќе настапат со нивното шоу „Денот Е“ е Скопје. Поводот е исклучително значаен, а тоа е десет годишен јубилеј од нивниот прв настап во Скопје. После сите успешни клупски концерти изминативе 10 години, за првпат пред своите фанови ќе настапат на голем концерт во ВИП арената „Борис Трајковски“.

19 години од нивното постоење, 10 години во Скопје – рима, ритам и музика со „Елементал“.

elemental

Сабота, 18 март
ВИП арена (мала сала) С.Ц. Борис Трајковски
Почеток: 20.30
(вратите се отвораат во 20.00 часот, музичката програма започнува од 20.30)

Влезниците во претпродажба се во строго ограничен број и по суперпромотивна почетна цена за првите 500 билети од 300 денари, а потоа 400 денари преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“.



Врати се горе ↑