24 октомври, 2014

Дени ДеВито, сумо борачи и животни во видео записот за „Steal My Girl“ на „Уан дајрекшн“

Првиот официјален сингл со кој „Уан дајрекшн“ го најавуваат своето четврто студиско издание „Four“, закажано за 17 ноември, е темата „Steal My Girl“, која денеска го доби своето видео издание. Како што Ви пренесовме неодамна, покрај петте момчиња од групата, во видео записот се појавува и познатиот холивудски актер Дени ДеВито, како и сумо борачи и разни животни. Како изгледа сиот тој „циркуз“ можете да видите горе.



Врати се горе ↑