Настани

12 јуни, 2018

Денеска започнува „Баскерфест 2018“

Вечерва во 19.00 часот, за сите посетители ќе биде отворен 13. по ред фестивал на улични изведувачи, „Баскерфест 2018“. Градскиот плоштад „Македонија“, шест дена од 12-17 јуни ќе биде претворен во уличен театар под отворено небо со улични артисти од Јапонија, Индија, Аргентина, Франција, Шпанија, Бразил, како и млади македонски музичари и светски баскер бендови.

За најмладите ќе има и детска едукативна работилница „Киндер парк“, едукативно катче за животни/миленици, како и неколку интеркативни игри. Во склоп на Баскерфест ќе има и интерактивни инсталации поставени на целиот плоштад, како и натпревар за креативни уметници – „Арт-ен-крафт“. За фудбалските фанови, по повод престојното Светско фудбалско првенство, ќе има спортски забавен корнер.

Фестивалот, традиционално е под покровителство на Град Скопје.



Врати се горе ↑